Минатата година во државата влегле странски инвестиции во вкупна вредност од 251,1 милион евра, објави Народната банка на Македонија. Ова е 3,5 пати повеќе споредено со 2012 година кога во државата биле регистрирани странски инвестиции од 72 милиони евра. Според податоците на Народната банка само во декември приливот на странски капитал изнесува 28,8 милиони евра, што е за 10 милиони евра повеќе споредено со претходниот месец. Странските инвестиции во декември, споредено со декември 2012 година пак се за околу 10 милиони евра помали. Од вкупната вредност на странски инвестиции во 2013 година, 147,4 милиони евра се акционерски капитал, додека останатите 166,4 милиони е останат капитал, од кои 135 се обврски на странските компании. Најдобра година за странските инвестиции во земјава била 2007 кога влегле половина милијарда евра странски директни инвестиции.
Минатата година во државата влегле странски инвестиции во вкупна вредност од 251,1 милион евра, објави Народната банка на Македонија. Ова е 3,5 пати повеќе споредено со 2012 година кога во државата биле регистрирани странски инвестиции од 72 милиони евра.
Според податоците на Народната банка само во декември приливот на странски капитал изнесува 28,8 милиони евра, што е за 10 милиони евра повеќе споредено со претходниот месец. Странските инвестиции во декември, споредено со декември 2012 година пак се за околу 10 милиони евра помали.
Од вкупната вредност на странски инвестиции во 2013 година, 147,4 милиони евра се акционерски капитал, додека останатите 166,4 милиони е останат капитал, од кои 135 се обврски на странските компании.
Најдобра година за странските инвестиции во земјава била 2007 кога влегле половина милијарда евра странски директни инвестиции.
Според податоците на Народната банка во 2008 вкупниот прилив на странски инвестиции изнесувал 399,9 милиони евра, во 2009 година 145 милиони евра. Потоа овој тренд на помал прилив на странски инвестиции како резултат на кризата продолжи и во 2009 година кога беа регистрирани инвестиции од 160 милиони евра, а во 2011 година странските инвестиции достигнаа 336,8 милиони евра.
Премиерот Никола Груевски во своето обраќање на почетокот на годината најави дека и годинава Владата ќе продолжи со засилено темпо во привлекувањето на странски инвестиции, а според најавите се очекуваат уште најмалку 20 странски компании да отворат фабрики во Македонија.
- За 2014 година, во овој момент, веќе имаме неофицијална потврда на најмалку 20 нови странски компании дека во годината која доаѓа ќе почнат градба на нови капацитети во Македонија, а уште други десетина компании размислуваат да донесат таква одлука, и се надевам и дека и некои од нив ќе ја донесат. Ова се компании кои ќе донесат повеќе илјади нови вработувања во автомобилската индустрија, информатичките технологии, земјоделието, текстилот, металургијата и производствените дејности. Но ние тука не застануваме, јас минатата година ангажирав и трет министер задолжен за инвестиции, кој го остави својот бизнис и дел од семејството во Америка и дојде да и помогне на Македонија. Целта ни е насекаде низ Македонија, во секој град, во секое населено место да се донесат нови можности и нови шанси за нашиот народ, истакна премиерот Груевски.
Според министерот за економија Ваљон Сараќини следната година можеме да очекуваме околу 350 милиони евра странски инвестиции.
- Странските инвестиции за економијата имаат повеќедимензионално значење. Тие придонесоа за зголемување на пазарната конкуренција и зголемување на извозот, па во 2013 година од погоните на овие компании во странство завршиле производи вредни 760 милиони евра, што претставува 25 отсто од вкупниот извоз на Република Македонија. Според проекциите, за 2014 година се очекува уделот да се искачи на 33% - изјави Сараќини по вчерашниот состанок со Советот на странски инвеститори во Стопанската комора. Според министерот, дополнителна придобивка од странските инвеститори е диверзификацијата на извезените производи.
- Последниве години Македонија, освен производи од металната, текстилната и од хемиската индустрија, на странските пазари пласира и катализатори, автобуси, како и други производи со додадена вредност, смета Сараќини и подвлече дека државата не прави разлика и еднакво ги третира домашните и странските инвеститори.